Search
Search

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје повикува за ажурирање на податоци по промена на старите со нови регистарски таблички

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелира до сите физички и правни лица, кои имаат склучено договор за користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта, зони и катни гаражи со кои стопанисува претпријатието, дека после регистрацијата на своите возила, имајќи го предвид законското решение за промена на регистарските таблички, таа промена веднаш да ја пријават кај службите во канцелариите за односи со корисници во Центар, Аеродром, или Илинден, со цел да се внесат новите податоци во системот на претпријатието.

Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на образецот „Пријава- одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид, а со самото ажурирање на податоците новата регистарска табличка на сопствениците ќе биде внесена во системот за зонско паркирање и системот за затворени паркиралишта соодветно, со што ќе се избегне непотребна санкција од страна на контролните служби при паркирање.

АКТУЕЛНО