Search
Search

Ќе ја намали ли Орбан поддршката за Украина? – Будимпешта застанува на чело на ЕУ

Како што информира постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Балинт Одор на прес-конференција во Брисел на која ја презентираше унгарската програма за претседавањето со блокот, Будимпешта има седум приоритети.  

Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритет на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во следните шест месеци, што официјално стартува утре и чие мото е „Да ја направиме Европа повторно голема“. 

Покрај проширувањето, одбраната и конкурентноста, меѓу приоритетите на унгарското претседателство ќе бидат и зајакнување на сигурноста на надворешните граници на ЕУ, спроведување на кохезивните политики, поддршка на земјоделството и решавање на демографските проблеми на блокот. 

Покрај ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Будимпешта ќе се посвети и на напредок во укинувањето на шенгенските копнени гранични контроли за Бугарија и Романија, на борбата против антисемитизмот, на промоција на дискусии на теми поврзани со високото образование, како и на заштита на европското културно наследство. 

 

 

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во

– Европа се соочува со вонредна ситуација, проблеми како што се војната во соседството или миграцијата. Ова претседателство ќе биде како никое друго досега. Ќе бидеме чесни посредници и ќе се обидеме искрено да соработуваме со земјите членки и со институциите на ЕУ, изјави Одор. 

Тој посочи и дека во однос на проширувањето на ЕУ, „погледот на Унгарија“ ќе биде насочен кон Западниот Балкан, наместо кон Украина како што беше за време на претходните две претседателства.  

– Кога станува збор за Западниот Балкан, би сакале да видиме што поголем напредок. Наша цел е да отвориме и затвориме што повеќе преговарачки кластери. Мораме да го забрзаме овој процес, изјави Одор. 

Унгарскиот амбасадор при ЕУ најави и дека Унгарија планира да организира самит во регионот меѓу претставници на ЕУ и на шесте земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Сите земји, освен Косово, имаат статус на кандидати за членство и официјално ги започнаа пристапните преговори, освен Косово, кое засега е само апликант за прием во Блокот.  

Но, освен делумно на Црна Гора, преговарачките процеси на Северна Македонија, Албанија и Србија со ЕУ се во застој, од различни причини, додека Босна и Херцеговина се уште е во очекување да биде закажана првата Меѓувладина конференција на која би била усвоена Преговарачката рамка и патоказите со што би бил означен официјален почеток на преговорите.

Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ преку Западен Балкан се зголемува и оваа година надмина 82.000, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи, цити

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто најави дека целта на Унгарија е преговорите со БиХ да почнат во текот на првата половина од нејзиното претседавање со ЕУ. Тој додаде дека некои земји членки на ЕУ само јавно изјавуваат дека го поддржуваат приемот на БиХ, а зад затворени врати зборуваат нешто друго и затоа побара сите унгарски дипломати активно да лобираат за старт на преговорите за членство на земјата. 

Меѓу останатите прашања на кои ќе се посвети унгарското претседателство се унапредување на поединечните постоечки законски предлози, усогласување на позицијата на ЕУ за Самитот на климата (КОП 29) и презентација на сопствените планови за геотермалната енергија. 

– Покрај унапредувањето и завршувањето на тековните преговори, унгарското претседателство исто така има намера да придонесе во дефинирањето на целите на европската политика за животната средина и климата за следниот институционален циклус, се наведува во програмата. 

Унгарија има намера да покрене дебата за усвојувањето на меѓународен правно обврзувачки инструмент за загадувањето со пластика, за усогласување на општ пристап на земјите членки на ЕУ за регулативата за отпадот од микропластиката, за климатските цел на ЕУ до 2040 година, како и за директивите за барањата поврзани со дизајнот на возилата и за процесот за уништување на старите возилото по истекот на нивниот работен век. 

Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации, велат од О2 Иницијативата.

Будимпешта планира да иницира и размена на мислења за националните енергетски и климатски планови на земјите членки на ЕУ и за енергетската политика Унијата, како и дебати за регулативата за правата на патниците во воздушниот сообраќај и за усогласување општ пристап за директивата за комбиниран транспорт. 

Унгарското претседателство, исто така, ќе се посвети и на усвојување на регулативи за емисиите на стакленички гасови во транспортот и за Европската агенција за поморска безбедност, како и на директиви за возачки дозволи, за капацитетите на железницата и за хармонизирани речни услуги. 

Но, во Брисел постои стравување дека „лошото момче на ЕУ“ би можело да придонесе за намалување на поддршката на Унијата за Украина. Ваквата загриженост на европските политичари и дипломати произлегува од досегашните искуства со блокадите на Унгарија на исплатата на средства за поддршка на Киев од ЕУ фондовите, како и на санкциите кон Москва поради руската агресија врз Украина, но и најавата на амбасадорот Одор дека Будимпешта, која важи за најблизок сојузник на Русија во Унијата, „нема да ги промовира“ преговорите за членство на Украина и Молдавија.  

Дипломатски извори во Брисел посочуваат дека европските лидери се свесни за заканата дека Унгарија може „да го загрози системот на ЕУ“, па затоа се подготвени „да се справат со тврдоглавата Будимпешта доколку тоа биде потребно“. Тие посочуваат дека не е никаква новина дека секоја земја членка на Унијата се бори со сите средства за заштита и остварување на своите интереси, но дека кога претседава со Советот на ЕУ се очекува да ја стави политика на страна и да игра понеутрална улога.

АКТУЕЛНО