Search
Search

Ќе формираат ли „огнените“ своја партија !?

Раководството на ДУИ не ја признава фракцијата на „огнената“ група, а и според Статутот на партијата, фракции не се дозволени.

На прашање дали ќе следува исклучување на групата генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети за ТВ Алсат одговори дека тој ќе постапи согласно статутот на партијата, што може да значи и исклучување, ако се утврди дека групата на Изет Меџити дејствувала спротивно од Статутот.

Ако дојде до исклучување на „огнената“ група и нивните следбеници тоа ќе значи сериозен расцеп внатре во ДУИ но и простор за формирање на нов политички субјект имајќи предвид дека партиската инфраструктура на „огнените“ е прилично силна во Скопскиот регион.

Засега и неформалниот лидер на групата Меџити, но и други истакнати членови ја отфрлаат идејата за формирање нова политичка партија, но по се изгледа дека групата чека потег од Али Ахмети за да го преземе следниот чекор.

Превирањата во ДУИ, новата владина коалиција, групирањето на партиите околу уставните измени и работната група ги испомешаа политичките карти во државата.

Дополнително на тоа, од дел од медиумите се најавува формирање на ново политичко движење предводено од екс министерот за надворешни работи Никола Димитров, додека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски отворено најавува дека неговото движење За наше Куманово ќе прерасне во политичка партија.

Тука е и Движењето БЕСА, кое управува со општина Тетово, кое функционира како опозициска партија како и Алтернатива. Сега останува дилемата дали „огнените“ ќе ги здружи силите со овие субјекти за следните парламентарни избори.
 

Се на се, не очекува доста интересен период до следните избори, оние претседателските кои треба да се одржат за една година од денеска.

 

 

АКТУЕЛНО