Search
Search

Ќе има ли конечно кој да одговара на прашања, Арсовска доби нова шефица за односи со јавност

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во својот кабинет доби засилување. Како што дознава весникот ВЕЧЕР, нова шефица за односи со јавност е младата Кристина Депо која на оваа функција ќе стапи од утре.

Од почетокот на својот мандат Арсовска е позната по лошата комуникација со медиумите, неодговарање на прашања и нетранспарентност.

Кристина Депо е експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии. Нејзиното докажано работно искуство е во областа на приватниот сектор, медицината, прехрамбената индустрија, информатичките технологии и телекомуникации, енергетиката и банкарството.

Депо долги години работеше во Србија, Хрватска и во Русија, а во банкарскиот сектор е позната како долгогодишна директорка на маркетинг и комуникации во Шпаркасе банка и Ерсте групацијата.

АКТУЕЛНО