Дете во основно школо во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици. Потоа, пиштолот ѝ го предал на директорката.
Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР.
„На 5.5.2023, околу 12 часот, во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал нејзе“,велат од МВР.
За случајот се известени јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.
Вакви и слични инциденти како во Скопје беа забележани и во други градови во регионот откако во средата се случи масакрот во основно школо во Белград каде 13-годишен ученик со пиштол уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина.