Во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 171 возач.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што соопштија денеска од МВР, 76 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.