Search
Search

8 април Меѓународниот ден на Ромите, се подобрува или се влошува нивниот начин на живот?

Боемски но тежок живот со мака да си одработат и да обезбедат храна, но среќни и весели секогаш со прослави во нивните населби, ова е начинот на кој живеат Роми во Северна Македонија, во земја каде постои единствената општина  во Европа – Шуто Оризари каде Ромите се концентрирани на едно населено место повеќе од 50 проценти од вкупното население на општината.

Фото/ градска редакција

По повод Меѓународниот ден на Ромите 8 април, екипата на градска.мк ја посети населбата Топаана, каде условите за живот се тешки, со лоша инфраструктура пред се и сиромаштија.

Разговаравме со двајца соговорници, собирачи на стари ствари, претежно хартии и железо. Едниот од нив кој сакаше да стане анонимен вели дека е горд за работата што ја прави, и дека во последно време животот на Ромите е подобрен.

фото/ градска редакција

„Работам и собирам отпадоци од граѓани и стари работи од различни населби на Скопје. Задоволен сум од животот што го водам. Мислам дека животот на Ромите во последно време е подобрен. Го славиме Денот на Ромите, тоа е ден што ние го чекаме и секој Ром се чувствува горд“ – изјави граѓанин на ромската заедница кој сака да остане анонимен.

И другиот соговорник е среќен со животот што го води, вели дека на денот 8 април ќе излезе низ улиците и ќе слави.

„Јас сум собирач на стари работи, ги споделувам и ги испраќам на продажба во разни пунктови каде што купуваат железо и картон. Среќен сум и го славам Денот на Ромите, тој е наш ден, како и сите народи кои имаат свои денови и ние го имаме. На 8 април ќе излезам да славам, ќе го земам нашето знаме и ќе го веам низ градот, ќе викам и пеам“, рече друг граѓанин на ромската заедница кој исто така сака да остане анонимен.

Фото/ wikipedia

Кога и како е прогласен 8 април  како ден на Ромите?

8 април службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем (ромски): „Одев, одев“) и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојна со црвено тркало  во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.

Н.Ш

АКТУЕЛНО