Search
Search

80 кубни метри ѓубре собрани од паркингот на гробиштата Бутел

Јaвното претпријатие Комунална хигиена-Скопје соопшти дека денеска со свои екипи ја чистеа големата дива депонија на паркингот на градските гробишта Бутел, во непосредна близина на последната постојка на ЈСП на автобусот со број 59.


Од скопски комуналец велат дека се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Просторот е чистен рачно и машински со метење и перење, велат од претпријатието.

„Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје“, се вели во соопштението.

Инаку, за ѓубриштето кај гробиштата алармираше поранешниот министер и пратеник Јани Макрадули преку објава на Фејсбук.

АКТУЕЛНО