Африканскиот бран продложува: Сончево и многу топло со температура до 40 степени

Сончево и многу топло време се прогнозира и за денешниот ден. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во попладневните часови се очекува мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 9. Утринската темпертура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени.

И за Скопје за денеска се прогнозира сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Темпертурата ќе се движи од 20 степени наутро до 39 степени во текот на денот.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и многу топло време, а попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и утре ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре ќе се искачи до 39 степени.

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до 40 степени.

Не се исклучува можноста температурата локално во централните и во југоисточните предели да надмине и 40 степени, токму затоа апел до граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави