Анестезиологот Валтон Дервиши од тетовската болница денеска седна на обвинителка клупа за обвинението што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово му го поднесе поради тоа што снимаше пациентки и видеото го објави на социјалната мрежа Тик-ток.
Тој денеска призна вина и рече дека се кае за стореното, а тетовскиот суд уште истиот ден ја објави пресудата – една година и три месеци затвор.
Анестезиологот се гонеше за делата несовесно работење во служба и неовластено снимање.
Скандалот со снимката што ја емитуваше анестезиологот предизвика лавина реакции. Тој веднаш беше суспендиран од работа, а Судот на честа при Лекарската комора одлучи да му ја одземе лиценцата за работа на седум години.