Search
Search

Ангеловски: Легализацијата на канабисот не значи неконтролирана консумација на јавни простори

„Имаше полицајци на фестивалот Мери Џејн во Берлин, обезбедување на влез и излез. Самиот организатор на фестивалот ги охрабруваше посетителите да си ги донесат своите бонгови од дома, се пушеше насекаде во таа затворена зона. Консумацијата на канабис во јавни простори во државите каде што е легализирано не е дозволена, нема да те уапсат само ќе те прекорат. Обично тоа се прави во приватни простори, во домот или некаде со друштво каде што си надвор од поглед на другите“, рече Ангел Ангеловски, активист на „Билка” и продуцент во Трн.мк за импресиите од фестивалот Мери Џејн во Берлин, во интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека кај нас консументите на канабис полицијата ги приверува, ги тера да платат казна, по што ги пуштаат.

„Се’ што е над 5 грама е посериозен прекршок. Во Германија е дозволено до 30 грама за лична употреба за возрасни лица од 18-21 година. За лица над 21 година е дозволено до 50 грама. За лицата од 18-21 треба да набавуваат производи до 10% ТХЦ. Во прилогот на Трн.мк има детално објаснување“, рече Ангеловски.

Тој додаде дека иако е легален канабисот нема легален начин на кој може да се купи.

„Од први јули треба на Германците да им биде дозволено оформување на социјални клубови, они веќе се оформени, некои од нив имаат и лиценци, повеќето се борат со простори каде да ги најдат како кај нас што е законот за игри на среќа да биде надвор од 500 метри од училишен двор, мислам дека истото е и во Германија за социјалите клубови. Не смее да има никаков маркетинг, мора да се прозорите темни на клубот“, потенцираше Ангеловски од „Билка“.

АКТУЕЛНО