Австријка се изненадила од цените во Ровињ: Аперол 12 евра, „поскап отколку во најскапиот германски град“

Австријка која отишла да ја посети Хрватска не можела да си поверува кога ја видела сметката во ресторан во Ровињ. Само за три Аперол Шприц морала да плати 36 евра, додека вкупната сметка била 437 евра.

Тоа значи дека цената на еден Аперол изнесува дури 12 евра.

Високите цени на Аперол Шприц неодамна предизвикаа гнев кај клиентите во Германија, па дури и во најскапиот град на таа земја – Минхен. Според t-online.de, на пример, Аперол чини „само“ 11,50 евра во луксузната шопинг улица Масимилијанштрасе. Прескапо за многумина – но сепак малку поевтино отколку во хрватски ресторан во Ровињ.

Но, не само што цената на овој коктел е висока, австриската гостинка била непријатно изненадена и од сумите што морала да ги плати за „обични“ нарачки, како леб и вода. Во споменатиот ресторан векна леб чини 6,50 евра, а шише минерална вода од 0,75 литри дури 8,50 евра.

Туристката од Виена морала да плати 38 евра за три шишиња вода и леб, а имало и три хрватски пива за вкупно 24 евра.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави