Search
Search
Фото/Градска редакција

Бетонската ограда кај „Чаирчанка„ за некого е добро, за друг лошо решение

Треба или не да стои бетонската ограда меѓу двете коловозни ленти во улицата „Цветан Димов„ во Чаир, граѓаните поделени, градските и општинските власти решени да ги отстранат.

Фото/Градска редакција

Градска редакција на терен  ги праша граѓаните дали треба да стои или да се отстрани бетонската ограда низ улицата „Цветан Димов„

За некои од граѓаните, бетонската ограда откако е поставена го намалила сообраќајниот метеж кој се создава на оваа артерија, која ги поврзува граѓаните од северниот дел на градот се Центарот и другите градски општини.

За другиот дел од  граѓаните што ги прашавме, бетонскиот столб го спречувал минувањето на возила во случај на инцидент, немало место за маневрирање на возачите и предизвикувало целосна блокада, но и давало лош имиџ на овој дел на градот.

„Мислам дека бетонската барикада низ улицата е добро решение, не треба да се отстрани, барем малку го регулираше сообраќајот кој порано беше уште по лоша. Исто попречува граѓаните  да го поминуваат улицата кај ќе стигнат„ вели за градска.мк  граѓанка која секој ден го поминува овој пат за да иде на работа во Влада.

„Не треба да се отстрани бетонската ограда на улицата затоа што кога има сообраќаен инцидент се блокира целата улица и нема можност возачите да маневрираат за да го поминат патот, второ е лошиот имиџ што го дава како некоја воена зона. Јас мислам дека не треба физичка поделба на улицата но треба некое по естетично решение„ вели граѓанин на Општина Чаир.

„Како жителка на овој крај, како сведок од раното детство до ден денес, мислам дека поделбата на улицата без разлика на формата во која е направена им служеше на граѓаните. Велам така бидејќи со ова поделба не велам 100 % но видливо е намалено бројот на сообраќајни инциденти со последици врз граѓаните по некогаш и со фаталност. Сега граѓаните се обврзани да поминуваат кај пешачките премини а не да поминуваат кај било како порано. Ако зборувам како шофер возам по комотно и ако треба внимание бидејќи има граѓани особено млади кои го скокаат и бетонската ограда„ вели граѓанка која живее во близина на улицата „Цветан Димов„

„Да треба да стојат, имајќи во предвид културата на нашите возачи и на пешаците Возачите кружат кај им текнува без да пресметаат кава штета може да направат и колку ги ризикуваат другите, и пешаците поминуваат кај стигнуваат ризикувајќи се себеси но и другите„ вели граѓанин кој со велосипед секој ден  го поминува овој дел од градот.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  за Градска.мк вели дека отстранувањето но и изградбата на улицата „Цветан Димов„ во Чаир беше и е една од носечките проекти на градот Скопје.

Фото/Град Скопје

„Тоа е една од носечките капитални инфраструктурни проекти на градот Скопје. Таму треба да има хумано живеење, транзит и движење на граѓаните не само за тие што се од Чаир но и останатите кои  често се движат на тој дел од сообраќајната делница, и верувам дека и ова решение со проектот за изградба на улицата „Цветан Димов„ ќе го реши овој проблем„ вели за Градска редакција градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Советот на Град Скопје на седницата одржана во вторник  со 30 гласа за даде зелено светло за почнување на активностите за санација, реставрација и проширувањето на улицата „Цветан Димов„ во Општина Чаир.

Ова е во склоп на меѓу општинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за реставрација, санација и проширување на ова улицата .  Според Град Скопје  проектната документација ќе се прави од Општина Чаир а финансиски ќе се подржи од Градот.

За овој проект од градот Скопје ќе се обезбедат 140 милиони денари.

Од информациите што кружат се вели дека ќе се отстрани бетонската ограда низ улицата, во некои делови ќе се прави експропријација на приватни имоти по што ќе се прошири улицата со по три ленти од двете насоки, но загрижува фактот дека ќе треба да се исечат десетина дрвја стари со децении, па затоа пред некое време  алармирале невладините организации.

 

Од „Зелен Хуман Град„ кои со писмо до градските власти и советниците  бараа по секоја цена да се заштити отстранувањето на  повеќедецениското зеленило на улицата Цветан Димов.

Н.Ш

АКТУЕЛНО