Search
Search

Безистен – магичниот камен во Стара скопска чаршија

Во самото срце на вековна Стара скопска чаршија, лежи Безистенот – драгоцен камен изблескан во светлина и историја. Ова магично место нежно ги прегрнува посетителите со своите камени зидови, што ја чуваат прашината од минатото и тајните на изминатите времиња. Кога ќе стапнете на камениот под, ќе почувствувате како времето стои на пауза, дозволувајќи Ви да го истражите богатството на орнаментите што го красат Безистенот. Срцето на чаршијата е Безистенот, од каде и таа се раѓа, некогаш збирно место на трговци од сите краишта на Македонија и подалеку, а денес збир на неодоливи кафулиња со најдобриот чај. Но Безистенот не е само едноставно место за средба со историјата – тој е мост помеѓу минатото и иднината.

Безистенот ги носи приказните на дедовците и бабите до ушите на новите поколенија, што ќе ги продолжат легендите и приказните од времињата што идат.

Безистените се големи трговски објекти сместени во самиот центар на градските чаршии.

Најчесто имало само еден ваков објект во градот и тој се состоел од низа дуќани кои се изнајмувале на различни сопственици – безистенлии.

Овие структури прво биле користени исклучиво за продавање на платно, па оттаму и дошло нивното име: „bezz“ или платно на арапски, и „(i)stan“ што е персискиот збор за продавно место. Подоцна во нив почнале да се продаваат секакви стоки па дури и да се сместуваат занаетчиски работилници.

Тој неколкупати низ историјата бил оштетуван, а денешниот изглед го добил со реновирањето направено кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век. Денес тој претставува камена градба со правоаголна форма, кај која силно се чувствува влијание од западната архитектура. Има четири влеза од сите четири страни, а внатрешноста се состои од улички кои водат до двокатните дуќани. Во него се наоѓаат и два самостојни двокатни објекти.

Н.А.

АКТУЕЛНО