Црвен аларм: Инвазија на месојадни црви долги до 30 сантиметри на плажите во Будва и Италија

 

Месојадни црви долги од 20 до 30 сантиметри се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат денес српските и црногорските медиуми.

Во текот на минатиот месец истите црви се појавија на плажата во Будва. На една група на Фејсбук е објавена фотографија од црв со прашање за каков вид станува збор.

„Многу отровен вид на морска гасеница – Огнен црв. Доколку го допрете, треба веднаш да го изложите местото на многу висока температура бидејќи отровот од боцките брзо се шири и може да предизвика болка како изгореница, треска, главоболка кои може да траат и до два дена. Не обидувајте се воопшто да ги извадите боцките со раце или со пинцети бидејќи тие се буквално како лепра – тие остануваат насекаде и се лепат за сите површини“, гласи коментарот на објавата.

 

Според Националниот институт за морски истражувања, овие црви штетат на рибарската индустрија бидејќи се заплеткуваат во риболовните средства. Истражувачите се трудат да го ограничат нивното ширење и ги поттикнуваат луѓето да известуваат за видувањата на социјалните мрежи. Експертите препорачуваат отстранување на боцките со суви прсти или селотејп, миење на заразените делови со ладна вода и посета на лекар во случај на алергиски реакции или треска.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави