Search
Search
Фото/ Влада на Р.С. Македонија

Гир: Важно е да се зграпчи моментумот и да се оди напред кон евроинтегацијата заедно со другите земји

Прашањето на уставните измени е суверено право на Северна Македонија и таа треба да одлучи. Во однос на Уставот, важно е да видиме какви се точно предлозите и откако ќе бидат подготвени во нацрт верзија, да следи дебата за тие предлози. Обврската е да се внесат луѓето кои се самоидентификуваат како Бугари во Уставот. Тоа е нешто што дополнително ќе ја консолидира земјата која веќе има добро досие во однос на меѓуетничките односи.

Ова го истакна евроамбасадорот Дејвид Гир запрашан за уставните измени. Тој посочи на примерот на Хрватска каде имаат повеќе од 20 заедници вклучени во Уставот и тоа, вели, не влијае на идентитетот на земјата ниту на нејзините главни интереси. При тоа подвлече дека е важно да се има предвид големата слика, односно постојниот моментум во однос на евроинтеграциите.

-Она што го гледаме во моментов е моментум, не само тука во Северна Македонија, туку исто така и во регионот и пошироко. Минатата година видовме дека беше понуден кандидатски статус на Украина, Грузија, Молдавија и на БиХ, како и отворање на пристапните преговори со вас и со Албанија. Значи постои моментум, а патот е напред. Затоа е важно да се зграпчи тој моментум и да се оди напред заедно со другите земји во тој процес. На земјата е да одлучи, се надеваме дека ќе напредувате. Никој друг не стои на патот, нема вето, нема блокади, следниот чекор е во рацете на земјава. Во однос на скирнинг процесот веќе кажав дека одлично напредувате, вели Гир.

Во однос на тоа дали доколку не дојде до уставните измени поради противењето на опозицијата, ЕУ тоа ќе го смета за сопствен неуспех, евроамбасадорот

-Ние ја сакаме оваа земја во ЕУ, но не поради алтруизам, туку затоа што имаме искренa, реалистичнa оценка/пресметка дека е во заеднички интерес на оваа земја и на ЕУ,  врз основа стабилноста, бзбедноста, просперитетот и демокрастките вредности, вие да и се придружите на ЕУ. Сакаме да направиме се што можеме тоа да се случи, подвлече шефот на Делегацијата на ЕУ.

Прашан во однос на борбата против корупцијата нагласи дека ова прашање се коментира веќе долго време потсетувајќи дека во двете области – судските реформи и борбата против корупцијата, земјата постигна одреден напредок, одредени институции кои имаат резултати како Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија, но вели потребно е многу повеќе.

-Потребно е да видиме одлучна акција, тоа ја вклучува Владата која треба да ја има водечката улога, но и останатите институции кои се вклучени како судството, Парламентот, кои треба да покажат решителна и јасна активност за унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата. Многу добро ја знаеме цената по нацијата во однос на здравјето и добробитта кога е во прашање корупцијата, нагласи евроамбасадорот Гир.

АКТУЕЛНО