Search
Search

Дебар Маало затрупано во ѓубре, кафеаните секој ден ги полнат контејнерите

Ова е секојдневна слика во Центарот на Скопје, во близина на Министерството за култура, на улицата „Антоније Грубишиќ“.

Граѓаните постојано реагираат на неподносливата миризба и вела дека  кафулињата и кафеаните во околината на Дебар Маало наместо да го одложат соодветно отпадот, тие секоја вечер го фрлаат во обичните контејнери.

-Дали има некој чесен и одговорен во Градот ова да го среди. Реагиравме многу пати до институциите, но проблемот никако да се реши, зошто кафеаните немаат сопствени контејнери и зошто ние граѓаните сме должни да го гледаме и дишеме ова ќубре кое се наоѓа под нашите домови, реагираат граѓаните од овој дела на Скопје.

 

 

Македонската метропола се гуши во ѓубре на сите страни. Речиси да нема чиста општина во главниот град кој наместо да биде огледало станува депонија.

На секој чекор може да се видат контејнери свртени наопаку а ѓубришта отпадоци и што ли уште не каде и да се свртиш.

 

 

 

Контејнерите во центарот на градот се  во надлежност на Град Скопје, т.е. за нив треба да се грижи ЈП  “Комунална хигиена”, кое е јавно претпријатие на градот, денеска е недела, но сепак испративме прашања го кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска за кои до објавувањето на статијата немаме одговор.

АКТУЕЛНО