Search
Search

Денеска облаци и дожд, што не очекува од утре?

Облаци и дожд само денеска, од утре топлотен бран со температури до 35 степени. Денес во текот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Особено на североисток ќе засилува и јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен, јавува УХМР.

Во наредните денови се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

 

 

АКТУЕЛНО