Осумгодишното дете кое е изгризано до смрт од куче во скопската населба Пинтија било однесено во болница без знаци на живот. Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков,“ вели дека детето имало голема рана на вратот и расеченица на главата.
Исто така и Јавен обвинител изврши увид на лице место, издадена е наредба за обдукција, се преземаат дејствија за испитување на целиот настан, кусо соопштија од Обвинителството.
Детето влегло во дворот на соседите со кои биле во добри односи, кога кучето го нападнало.
-На 11 април во 17 часот и 22 минути на нашата клиника беше донесено дете на осум годишна возраст со сериозни повреди на главата и вратот нанесени од каснување од куче. Во моментот на приемот детето беше без знаци на живот, искрвавено. Веднаш е прфрлено на одделението за интензивна нега, каде е почната постапка за реанимација, која што не вродила со плод, вели д-р Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“.