Продолжуваат нападите од улични кучиња во Скопје. Вчера во полициска станица биле пријавени две каснувања на различни локации во главниот град.
Најпрво во 10.40 часот во полициската станица Аеродром. Е.Т.(45) од Скопје пријавила дека на бул. „АСНОМ“ била касната од куче скитник.
Потоа во 13.30 часот во полициската станица Центар, С.С.(57) од Скопје пријавила дека на ул. „Димитрие Чуповски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.