Search
Search

Девет лица се убиени во пукањето во основното училиште во Белград

Српското МВР соопшти дека во „ страотната трагедија во ОУ Владислав Рибникар во Белград загинати се девет лица, осум деца и припадник на обезбедувањето, ранети се седум лица, од кои шест деца и еден учител“.

Повредените деца и учителката се згрижени во Урегентниот центар во Белград. Од Српската влада највија дека во 13.15 минути ќе се одржи вонредна конференција за медиумите за немилите настани во ОУ Владислав Рибникар.

-Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија, се наведува во соопштението на МВР.

Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец Коста К. отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Сето тоа траеше 5 минути. Како што пишува Нова.рс, осомничениот ученик по пукотањето побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила, за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко.

Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на татко му, го убил чуварот, а точниот број на ранети се уште не се знае.

Таткото на девојчето кое за време на пукањето истрчало од училницата вели дека таа му рекла дека тоа е нивен соученик, инаку одличен ученик, кој со студен израз на лицето влегол во училницата и пукал.

-Ќерка ми беше во тој клас, беше во училницата каде тоа момче ги испука првите истрели кон учителката, а потоа почна да пука во децата кои беа под клупите, а моето дете истрча надвор, изјави овој татко за Н1, додавајќи дека тогаш имале час по историја.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград биле известени дека утринава во 8 часот и 40 минути дошло до пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.

АКТУЕЛНО