Единствен e на Балканот кој со својот фото-апарат регистрира диви животни низ планините во Косово и Албанија, размислува да помине и во границите на дивиот свет во Северна Македонија. Ариан Мавриќи почнал со телефон Самсунг, сликите ги објавил на својот профил на социјалните мрежи каде добил позитивни коментари, па се одлучил да купи професионален апарат. Сликите и видеата што ги прави со животинскиот свет може да се споредат со тие од светските документарци. Целта му е да ја крене свеста на луѓето за важноста на животните и дивиот свет.
Во продолжение интервију со фотографот од Косово, Ариан Мавриќи.
Првично, како ја започнавте оваа авантура за документирање на фауната и го истражувате дивиот свет , прво почнавте во Косово а потоа се нафативте со сликање и во регионот , Европа и Африка?
Мавриќи: Како дете многу го сакав Дивиот свет, многу ме интересираше нашата фауна, секогаш ме интересираше да знам повеќе за животните и се надевав дека еден ден ќе ги документирам. Почнав да фотографирам со телефон Galaxy S4 во 2013 година, и направив многу фотографии со него, добив многу позитивни коментари, но видов дека е неопходно да се префрлам на професионален фото апарат. Купив и камера и фото апарат и во моментот кога почнав да објавувам слики од животни видов дека нашите луѓе имаат многу малку информации за нашата богата фауна. Сум бил и во Африка, Кенија (Сафари), мојот сон беше како дете еден ден да донесам документарец од таму, успеав да направам три документарни филмови за телевизија Коха (КТВ) и многу други видеа кои ги имам објавено на мојата официјална веб-страница Аријан. Мавриќи – Фотографија.
Каде ја наоѓате мотивацијата да ја направите сета оваа активност? Колку што знам, првично целата работа ја работевте со сопствено финансирање. Во моментов снимате документарни филмови за дивиот свет на националната телевизија (КТВ) во Косово, програма со наслов „Дивиот свет со Аријан Мавриќи“.
Мавриќи: Мотивот секогаш го наоѓам кога излегувам во природа, а природата ми дава инспирација, душевен мир и многу идеи за иднината. На почетокот почнавме со самофинансирање, а сè уште имаме потешкотии со опремата, но со тек на време одевме со пософистицирана опрема, а сега сум доста добар со опрема за снимање и фотографии. Во моментов работам во КТВ, во документарниот филм „Дивиот свет со Аријан Мавриќин“ и е единствениот документарец од ваков формат на нашите простори, а можам да кажам и пошироко, бидејќи не е лесно да се обезбедат 15 минути материјал за недела за светот на дивината.
Колку диви животни имате документирано во Косово? Која е најретко и најзагрозено животно што сте го снимил?
Мавриќи: До денес успеавме да документираме 185 видови птици на нашата територија, а имам за цел до крајот на годината да ја достигнам бројката од 200. Но и од големите цицачи имам видеа и фотографии од мечка, волк, Лисица , дива свиња, зајак, дива коза, срна, елен и многу други животни што ги имам во мојата документација.
Која е целта на сите овие активности?
Мавриќи: Целта е јасна, сакам да го освестам населението за зачувувањето на овие видови, бидејќи повеќето од нив исчезнуваат, а виновен е само човечкиот фактор. Ова го правам не само со објави, туку и со документарни филмови и предавања на универзитети, средни училишта во Косово, Албанија, во Северна Македонија сè уште не сум бил, можеби во иднина, но имавме и лични изложби во Лондон, Австрија, Данска, Швајцарија, Косово, Албанија и Србија.
н. ш.