Кинеските автомобилски марки до крајот на деценијата ќе заземат една третина од светскиот пазар на автомобили. Кинезите тогаш ќе продаваат девет милиони возила надвор од нивната матична земја, проценува консултантската компанија “Alix Partners” во извештајот објавен во вторник.
Во Европа, кинеските производители ќе украдат значителен дел од колачот од европски, јапонски и корејски брендови, велат авторите на студијата.
Трошоците за производство на електрични автомобили во Кина се за една третина пониски отколку во Европа. Развојните циклуси се пократки од оние на глобалната конкуренција.
Ова им овозможува на кинеските производители на автомобили да ги напаѓаат пазарите со „агресивни цени“, според “Alix Partners”.
„Новите царини на Европската унија за кинеските автомобили може да го забават увозот и да ги поддржат продажните цени на краток рок, но во исто време ќе го забрзаат локалното производство на кинески возила и компоненти во Европа“, изјави експертот за автомобилска индустрија Фабијан Пионтек.
Под притисок на политичките одлуки, многу производители се свртеа кон развојот на производството на електрични возила во последниве години.
Сепак, побарувачката попушта и студијата проценува дека уделот на нови електрични возила на европскиот пазар ќе порасне од сегашните 20 на 45 проценти до 2030 година, пишува “dpa”.