Search
Search

„Дурмо Турс“ ги одведе македонските поддржувачи на Вучиќ на митингот во Белград

Утрово на граничниот премин „Табановце“ се забележани цели колони од автобуси кои најверојатно се упатиле кон Белград, по повод митингот што денеска го организира владејачката „Српска напредна партија“. Според српски медиуми, на денешниот митинг се очекува да пристигнат околу 2.200 автобуси во Белград.

Според медиумите, бесплатен превоз се организира и од Куманово, но и други градови во Северна Македонија.

Советникот во Општина Куманово, Мирослав Тричковиќ, изјави дека на лична иницијатива организира превоз до Белград.

-Ова е моја лична иницијатива, која ја почнав бидејќи во Куманово има многу српски граѓани кои гласаат. Покрај изборното место во Скопје, тука претседателот Вучиќ доби најголема доверба од граѓаните, повеќе од 90 проценти, изјави Тричковиќ.

Здружението „Мир, слога, стабилност“ во соопштение ги информира сите заинтересирани кои сакаат да го поддржат „човекот кој животот и го посвети на Србија“ да се јават на телефонскиот број на здружението и да го резервираат своето место, а ќе добијат и вода и сендвич.

 

Околу 200 автобуси со косовски Срби заминаа вчера и утрово и од Косово- Северна Митровица, Грачаница, Лепосавиќ, Зубин Поток, Штрпце кон Белград на покана (и обврска) на српскиот лидер Александар Вучиќ да учествуваат на, како што го нарекуваат,  „контра- протест“, организиран од него против протестите на десетици илјади граѓани кои со денови протестираат против него во Србија.

Според споделувања и коментари на социјалните мрежи, автобуски превоз за луѓе што го поддржуваат Вучиќ, е организиран и од други земји во регионот – Бугарија, Хрватска, Романија, Унгарија…

На една од фотографиите што ги сподели Здружението Мир, слога, стабилност, се забележува автобус на компанијата „Дурмо турс“, за која сè уште се  води судска постапка за сообраќајната несреќа кај Ласкарци во 2019 година, во која животите ги изгубија 16 луѓе.

Во Белград, во тек се подготовките за „сесрпскиот“ собир што го свика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажана за вечерва. Владејачката Српска напредна партија (СНС) го нарече митингот „Србија на надежта“. Собирот се одржува по масовните протести на опозицијата, по трагиедијата со убиствата ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Извор; Civil Media

АКТУЕЛНО