По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ѝ се приклучи на екоакцијата за расчистување на отпадот во околината на селото Љубанци, во близина на манастирот „Свети Никола“.
Ваквата еколошка акција, како што информираше Костовски, која е организирана заедно со Амбасадата на Република Словенија и Друштвото на словенечки и на македонски стопанственици, ја упати како апел до граѓаните за зачувување на природата и уживање во зеленилото. Тој порача за подигање на свеста за важноста за грижа за природата и придонесот за почиста животна средина, а како пример го даде придонесот и резултатот на ова поле на Република Словенија. Според Костовски, овој предел на Скопска Црна Гора константно станува поголема атракција за граѓаните на градот Скопје.
Извор: ВечерПрес