Соединетите Американски Држави и ЕУ ја разгледуваат можноста за мерски на санкционирање на Косово, а кои се чини дека ќе бидат опипливи и директни за најмалку двајца косовски лидери. За такво нешто преку извори извести Еуроњуз Албанија.
Се очекува санкциите да бидат двофазни за прашањето за деескалација на ситуацијата на северот од Косово.
Ова би вклучувало санкционирање на премиерот на Косово Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џелал Свечла, според инсајдерски текст на американската влада.
„Првата фаза од санкциите ќе доведе до замрзнување на фондовите на ЕУ, процесот на визна либерализација, процесот на членство во Советот на Европа, американските фондови и други проекти финансирани од Западот. – се вели во овој извештај.
Потоа, во втората фаза, ќе се случи она што беше предупредено. Би имало пасивен пристап во однос на кампањата за депризнавање од Србија. Но, уште построга е санкцијата за „реорганизација на меѓународното воено присуство и сериозно намалување на американскиот контингент и исклучување на Косово од одредени меѓународни организации“.
Исто така, се предупредува дека ќе има индивидуални санкции против премиерот Албин Курти и министерот за внатрешни работи Свечла.
„Ова може да вклучи и нивно прогласување „нон грата“ со образложение дека претставуваат закана за безбедноста и мирот.
Во документот понатаму се наведува дека постоело верување дека би имале проблеми со Србија, која ја нарекуваа „тврдоглава и неконструктивна“ страна, но не и со Косово.
Во тој текст, цитиран од Еуроњуз, продолжува дека „никој не очекуваше дека Владата на Косово со своите постапки ќе промовира несигурност и ќе поттикне кризи и конфликти“.
Во текстот понатаму се додава дека меѓународната заедница го изгубила трпението со Владата на Косово и дека чека јасен одговор од Владата на Косово: „Дали е партнер на трансатлантската заедница или не е?
Потсетуваме дека американските дипломати во последните неколку дена го заостри јазикот кон Владата на Косово, отворено укажувајќи на проблеми во односите меѓу нив.
Н. А.