Европската куќа Струга ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро под слоганот „Гласот на крајбрежјето“

Со ревијален кајакарски маратон в сабота ќе почне одбележувањето на Денот на Охридското Езеро и биолошката разновидност – 22 јуни под слоганот „Гласот на крајбрежјето“ во организација на Европската куќа Струга.

Стартот на маратонот, како што информира организаторот, е закажан за во 10 часот на Женска плажа, а ќе се рализира во соработка со спортскиот клуб „Соларис“ Струга.

– Веслањето со кајак не е само вежбање, туку може да биде вистинско релаксирачко искуство. Веслајќи, можете да ги истражите затскирените заливи, да стигнете до интимни и помалку познати плажи, да го запознаете живиот свет, кој ѕирка меѓу трските… Секое влегување во кајак е чекор кон нова авантура, посочуваат од Европската куќа Струга.

Вечерта, додаваат, е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата, а за музичкиот дел ќе се погрижи Диџеј Мирче – Хаусмајстори.

Визуелниот дел, како што е најавено, ќе биде надополнет со несекојдневен видео перформанс на ендемични цветови и птици низ Паркот на поезијата.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави