Search
Search
Фото Градска.мк

Фото Градска: Зошто Град Скопје не се грижи за Скејт паркот на Кеј?

Изграден е пред 10-тина години како место за љубителите на адреналински спортови, скејт-паркот на Кеј  е првиот од ваков тип во Македонија и е целосно финансиран од страна на Град Скопје.

Фото Градска.мк

Паркот е изграден според сите стандарди, неговите димензии се 15 метри во ширина, 50 метри во должина. Во паркот има девет справи и локацијата беше оградена со ограда во задоволителна висина, исто така за вечерните часови беа поставени и рефлектори.

Фото Градска.мк

За жал скејт паркот денес е во многу лоша состојба, ишарани платформи со недолична содржина, има многу ѓубре, а реквизитите се прилично оштетени и изгледа запуштено и небезбедно.

Фото Градска.мк

– Овој парк беше преубав, доаѓавме често со децата, но сега се поретко бидејќи последниве две -три години има сериозни оштетувања и никој не се грижи да ги поправи искршените справи и е многу ризичен за воопшто било која активност, вели скопјанец за Градска.мк.

Фото Градска.мк

Дел од граѓаните кои ги затекнавме велат дека Град Скопје воопшто не се грижи за парковите и дека се разочарани од градските власти бидејќи и тоа што е изградено не се одржува соодветно, а камоли да се изгради нешто ново.

 

 

АКТУЕЛНО