Search
Search

ФОТО: Груби ја смени маичката

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска, од обраќањето во Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д, порача дека е дојден крајот на заложништвото на иднината на граѓаните и на блокадата на европското интегрирање на државата.

Груби денеска имаше ново шоу на поставување на камен темелникот на коридорот кон Битола.На претходната церемонија Груби се појави со маичка „8“, што подоцна му ја подари на новинар, а денеска носеше бела маичка со бројот 10 што го симболизира „Коридорот 10-а“ кој треба да го поврзе Прилеп со Битола.

-Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел кој нема никој да го сопре. Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој прект, апелира Груби.

Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите.

Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија.

Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните.

Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, потенцира Груби. Тој упати порака и во однос на македонскиот евроинтеграцискиот процес.

-Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложнштвото и блокадата, така од денес, при изградбата на вакви инфраструктурни проекти, упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај на блокадата на нашето европско интегрирање.

Тој проект е почнат со партнерите од коалицијата и никој нема да му застане на патот, рече вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

АКТУЕЛНО