Search
Search

(ФОТО) Како изгледаше Скопје за време на поплавите пред 100 години

Градска.мк продолжува да објавува стари фотографии кои датираат дури пред 100 години. Овојпат потсетуваме на поплавите што се случија во Скопје во далечната 1916 година. Фотографијата според граѓаните што споделуваат стари слики по социјалните мрежи, е од улицата „Илинденска“ во Скопје.

Сликано е од страна на кејот на реката. Во преден план е пасажот “Ароести”, првиот модерен трговски центар во Скопје. Лево на сликата е земјоделската банка, а уште подолу зад банката се наоѓала Бурмали џамијата, на чие место подоцна бил изграден Офицерскиот дом, се вели во еден од коментарите на граѓаните.

Според хрониките на град Скопје пред 100 години, односно во мај 1916 година, Скопје било речиси целосно поплавено, но немало жртви.

Поплавата во Скопје била една од најкатастрофалните природни непогоди на градот.

-Голем дел од Скопје беше потопено, куќи и ниви беа уништени, а водната стихија се простреа низ улиците и најнивите делови на градот, се вели во коментарите на граѓаните.

АКТУЕЛНО