Search
Search

Гаши ќе биде предложен за нов претседател на Собранието

Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, соопшти партиската служба за односи со јавноста. Оставката на Гаши е поради неговата кандидатура за претседател на Собранието.

„На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток на 23 мај, меѓу другото, беше разгледана и кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Со оглед членот 67 од Уставот предвидува дека Претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции во партијата“, велат од Алтернатива.

Пред тоа, според статутот на Алтернатива, Гаши го овластил потпретседателот на партијата, Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечната одлука на темата претседател на Алтернатива, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, закажана конститутивна седница во законодавниот дом. Најпрво ќе се верификуваат мандатите на 119 нови пратеници, додека последниот пратеник на ВЛЕН од Желино ќе треба да чека потврда од ДИК. Седницата ќе ја води Коџаџику како најстара пратеничка.

По верификацијата, се очекува да се формира и Комисијата за избори и именувања од која ќе произлезе предлогот за собраниски спикер, а потоа и негов избор.

 

АКТУЕЛНО