Search
Search

Голема контрола на кванташки пазар, проверки кај увозниците на големо и во Струмица и Дебар

Триесетина инспектори од Пазарниот инспекторат, придружени од финансовата полиција и Управата за јавни приходи уште од рано утринава влегоа во магацините и складиштата на увозниците за да ја чешлаат документацијата за набавките на овошје и зеленчук. Прв на удар беше Кванташкиот пазар во Скопје, ама инспекции има и во Стримуца и Дебар. Се контролираат производите, по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.

Откако е утврдено дека дел од увозниците на производи, овошје и зеленчук прикажувале лажни фактури, а пријавувале повисоки цени, надлежните излегоа на терен за да проверат што се случува.

Пазарџиите пак велат дека набавната цена на производите што ги купувале им е повисока па не можат да ги продаваат по замрзната цана или близу до неа на големо, а граѓаните можат да останат со празни трпези за празниците бидејќи дури и компирите ги земаат од Египет, а не им се исплати да ги продаваат поевтино, но не сакаа да коментираат дали пријавувале различни и пониски цени при увозот за да платат помалку данок.

Во меѓувреме, од ДПИ велат дека се сумира извештајот од вонредните контроли. Епилогот ќе бил познат откако ќе бидат завршени нивните процедури, па засега не се знае колку казни напишале.

Проверки за тоа дали и колку од увозниците давале лажна увозна цена за да платат помал данок, тврдења што дојдоа од Министерот за економија, прави и Царинската управа. За да стигнат до вистината собираат информации од другите царини на земјите од кои увозниците го купиле овошјето и зеленчукот. За Канал 5 велат дека ако се утврди дека увозниците ја оштетиле државата ќе ги бараат парите назад, преку прекршочни и кривични пријави.

Инаку Министерот за економија Крешник Бектеши, претходно најави оти на седница на Владата во вторник ќе бидат ревидирани дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленукот, појаснувајќи оти со тоа што дел од увознците прикажувале лажни пониски фактури се создала погрешна перцепција за цената врз која се утврдувала „замрзнатата“.

 

АКТУЕЛНО