Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вели дека Скопје мора да биде модерен и еколошки град, затоа та денес пред советниците на градот предложи пилот проект за субвенционирање на електрични и хибридни коли како за граѓаните така и за такси превозниците.
„Пред советниците предложивме неколку точки за кои очекуваме дека тие ќе ја дадат својата недвосмислена поддршка и ќе се вклучат на реализација на програмата за модерно Скопје која што ја избраа 120 илјади граѓани на Скопје. Пред советниците денеска ќе се најде одлука која треба да ја гласат за субвенционирање при набавка на нови еко-возила со хибриден или електричен погон за граѓани и за такси превозниците. Овој е пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија кој градот Скопје ќе субвенционира по 200 илјади денари за возило“
Арсовска побара поддршка и за набавка на нови еко-автобуси.
„Од советниците бараме и поддршка за набавка на нови еко-автобуси , кои ќе немаат да пуштат емисии на загадување во воздухот и кои ќе ги заменат старите и дотраени автобуси кои во моментот не нудат задоволителна услуга за граѓаните. Со набавката на автобусите ќе се стандардизира автобускиот превоз, ќе се намалат трошоците и ќе се намали лошиот ефект врз животна средина“
Од Советот на градот, Арсовска побара поддршка и за неколку општински соработки, кои ќе овозможат градот Скопје да инвестира во истите, за реконструкции на улици, пешачки зони и велосипедски патеки.
Таа побара од советниците да не се водат од нивните лични и партиски интереси и да ги подржат овие проекти.