Вака сега изгледа фонтаната на плоштад Македонија која порано беше атракција за децата и возрасните. Во тој дел каде порано течеше водата, бидејќи поминуваа граѓаните по плочките кои се мрдаа, иако беше означено дека не е безбедно, сега доби и нов декор саксии со дрвца.
Некогашната фонтана со светла, за граѓаните сега е грда и го расипува шармот на плоштадот, беше пуштена во употреба во јуни 2015 година, кога со Скопје управуваше Коце Трајановски. Таа беше дел од проектот за реконструкција на плоштадот, која чинеше 2,5 милиони евра.
Веќе пет години е надвор од функција, исто е случајот со фонтаните во реката Вардар кај Камениот мост, а Град Скопје нема најава кога ќе ја санира.