Search
Search
Фото/Интернет

Градоначалникот Беџети со реакција контра Груби и Халити кои ja промовираа поликлиниката во Сарај

Промоцијата на Поликлиниката од луѓе без суштинска вклученост во овој проект, навистина личи на политички туризам, создава некаква камуфлажа на напредок, но не може да го прикрие недостатокот на вистински труд и посветеност, вели во својата реакција градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети.

„Навистина е жално да се види како некој со ентузијазам промовира проект без да понуди никаков придонес за него. Поликлиниката во Сарај беше очајна потреба на жителите на општина Сарај, додека на локалните избори во 2017 година и на оние од 2021 година, Поликлиниката беше едно од нашите главни ветувања и приоритетен проект во мојата предизборна програма, проект кои денес го промовираат, а во минатото истите го саботира, спротивставувајќи се на мојата кандидатура. По мојот избор за градоначалник, заедно со општинската администрација се обврзавме да го ревитализираме проектот на Поликлиниката и во соработка со сите институции, интензивно работевме на завршување на најважната фаза, за конечно, по сите одложувања и уназадување, да започнат градежните работи и овој проект да стане реалност„ стои во фејсбук статусот на градоначалникот Блерим Беџети.

Н.Ш

АКТУЕЛНО