Со 12 гласа ЗА и 11 гласа против Советот на на вчерашната седница ја усвои Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2023 година.
Коефициентите за утврдување на платите на градоначалниците на општините и за градоначалникот на град Скопје изнесува од 2,70 до 3,70 овие коефициенти се множат со просечната нето плата од претходната година, а во 2022 година изнесува околу 31.000 денари.
Според Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во републиката, коефициентите за градоначалниците се определуваат според бројот на жителите и тоа:
– за градоначалник на општина до 10.000 жители, коефициент 2,70;
– за градоначалник на општина од 10.001 до 25.000 жители коефициент 2,90;
– за градоначалник на општина од 25.001 до 50.000 жители, коефициент 3,20 и
– градоначалник на општина со над 50.000 жители коефициент 3,40
Според последниот попис на населението и домаќинствата спроведен од Државниот завод за статистика, општина Ѓорче Петров има 44 844 жители и според пресметките со коефициент од 3,20, платата без да се пресмета стаж, се покачила на 101,798 денари.
Тоа практично значи и зголемување на платата на градоначалникот Александар Стојкоски за 78 отсто, односно тој сега ќе добива плата повисока за околу 45.000 денари.
Од општината не одговорија на прашањата на Градска.мк зошто одлуката со која се зголеми платата на Стојкоски не е јавно објавена.
С.Т.