Градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Бајрами на прес-конференција ја образложи причината за одлуката за еднонеделно затворање на општинската администрација. Тој рече дека ваквата одлука е донесена по инцидентот што се случи во вторникот.
„Оваа прес-конференција ја закажавме како резултат на некои инциденти кои се случија во минатото и се случуваат и сега. И ако го оставиме вака без да реагираме, тоа ќе се случи и во иднина. Знаат органите на редот, ги познават и луѓето кои се закануваат не само на мене како градоначалник туку и на целата администрација. Затоа, од вторник по тој инцидент, општината ќе биде затворена додека не се разреши целиот случај“, изјави градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Бајрами.