Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вчера заврши на инфузија откако вдишал чад при гаснењето на пожарите. Оваа вест на својата Фејсбук страна ја објавија пожарникарите од Струмица кои му меѓу другото му се заблагодарија и за наградата од 10 илјади денари за секој припадник на противпожарните едници.
„Ниту фотографии ниту видеа и прес конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на било кој начин се обиде тоа да го експлоатира. Ти благодариме Градоначалниче за подршката и да останеме сите со добро здравје“ напишаа струмичките пожарникари.