Search
Search

Грција пред Европскиот совет ги обвини Мицкоски и Сиљановска- Давкова дека го кршат договорот од Преспа

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за прекршување на Преспанскиот договор од страна на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски.

Мицотакис рече дека двајцата во пракса го игнорираат договорот и избираат да користат друго име, а не уставното за внатрешна употреба.

Тој се закани дека ако Скопје продолжи со тоа, ќе го направи исклучително тежок, ако не и во пракса да го поништи, секој процес на брза конвергенција со европското семејство.

Досега сите официјални документи, меѓу кои и заклетвата на Сиљановска Давкова беа потпишани со користење на името Северна Македонија. Двјацата во повеќе наврати истакнаа дека ќе го користат уставното име безразлика дали се сложуваат или не, но сметаат дека лично право е како ќе ја именуваат државата во своите изјави, и од тука, македонските власти не гледаат пркршување на договорот кога станува збор за употребата на уставното име.

Од друга страна, Грција се уште ги нема ратификувано меморандумите кои се дел од нивните обврски од Преспаснкиот договор, а секогаш кога ќе се спомене таа тема инсистира дека ќе ги ратификува тогаш кога ќе дојде време. Ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се дополнително преговарачко оружје за Грција. Се работи за меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје. Истовремено, на грчките патишта не е променета ниту една табла на која пишува Скопје, со името Република Северна Македонија.

Грчката опозициска партија СИРИЗА ја искритикува владата во Грција дека сите овие години избегнува какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи.

 

АКТУЕЛНО