Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска.
Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.
-Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните.-изјави – Славица Грковска – Вицепремиер за борба против корупцијата.
На снимката од пред две недели се Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. “Антистрес терапија по долгиот ден” – напиша Груби тогаш на Фејсбук. Потоа објаснуваше дека не гледа ништо неморално и неетички, ниту пак дека било нешто спорно. Пред само неколку дена тој сподели и фотографија на која се гледа дека играле фудбал во неговиот кабинет и со потпретседателот на Фондацијата „Отворено општество“, Александар Сорос.
Уште за еден случај кој се поврзуваше со Груби, дека фирма на неговиот брат добила финансиски средства од Владата, вицепремиерката Грковска истакна дека се надева Антикорупциската комисија да ги истражи деталите и да утврди дали имало судир на интереси.