Search
Search

Хонг Конг веќе не е најскапиот град за купување куќа – Еве кој град го претрка

Цените на куќите во Хонгконг „значително се намалиле“ во 2022 година, а причините се значајно зголемените каматни стапки на кредитите.

Недвижнините за престој во Сингапур сега се најскапи во Азија и Пацификот, тие ги престигнале и оние во Хонгконг, покажуваат најновите податоци. Средната цена на приватните куќи во Сингапур изнесувала 1,2 милиони долари во 2022 година, во споредба со 1,16 милиони долари во Хонгконг. Приватните куќи за изнајмување во Сингапур исто така имале најголема месечна кирија во регионот од 2.600 долари, што е многу повеќе од градовите како што се Сиднеј, Мелбурн и Хонгконг.

Во меѓувреме приватните куќи во Сингапур ги надминале оние во Хонгконг како најскапи во Азија и Пацификот со просечна цена која се зголемила за над 8 отсто во текот од минатата година.

Владата на Сингапур изјавила дека локалните и странските купувачи на станбени објекти ќе мора да плаќаат поголеми даноци. Приватните куќи за изнајмување во Сингапур имаат најголема месечна кирија во тој регион која се зголемила за речиси 30 отсто во текот на 2022 година.

АКТУЕЛНО