Search
Search
Фото/ Социјални мрежи

 И ова се случи во Скопје: Кошница полна со пчели фрлена во ѓубре

На социјалните мрежи вчера се појави снимка каде се гледа дека во ѓубре е фрлена скршена кошница од која се  гледаат како пчели.

Местото каде што се фрлани пчелите според информациите објавени на Фејсбук се наоѓа во општина Кисела Вода меѓу кулите-кај Расадник –  Гет кафе.

Ова е статусот на граѓанин кој ги снимал пчелите.

„Ова го немам видено за овие 52 години живот, ако не грешам ова е пчеларник фрлен до контејнери. Не знам и не се разбирам што се прави ако не сакаш веќе да одгледуваш пчели, можеби се дава, се продава пчеларникот, но знам дека никако во ѓубре не се фрла.

Алергии од каснатини, многу се на едно место, може и да се налутат, убоди…..а самите пчели?

Изгледа тој што ги фрлил не видел нигде што значат пчелите за опстанокот наш и на друг жив свет. Страшно, жално, крајно несовесно „

АКТУЕЛНО