Search
Search

И утринава колони на „Богородица“ за влез во Грција

АМСМ информира дека утрово повторно се чека за влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“.-За излез од државата, на ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во саботата имаше долги колони и покрај неколкуте пуштени ленти. Како што беше објавено се чекало и до час и половина за излез од државата.

АКТУЕЛНО