Search
Search

Ниту промоција пред светскиот политички врв, ниту поддршка за физичарите – Сиљановска тера популизам на грбот на олимпијците

Во време кога целиот свет се собра кај францускиот претседател Емануел Макрон за отворањето на 33. Олимписки игри во Франција, нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова реши да остане дома иако на овие Олимписки игри учествуваат шест македонски натпреварувачи.

Таа не е во Париз да ги бодри, а нејзиниот кабинет соопшти дека не отпатувала од принципиелни причини, сакајќи симболично да укаже на тоа дека државните пари треба да се трошат за поприоритетни цели. Но колку од сето ова е вистина?

 Сиљановска-Давкова не изусти ниту збор, ниту пак го критикуваше патувањето во бизнис класа на премиерот и нејзин поддржувач Христијан Мицкоски, кој за делегацијата во Вашингтон потроши над 20.000 евра само за билети. Сепак можеби според неа  патувањето во бизнис-класа е приоритетна цел на Северна Македонија.

Но да се вратиме на олимпијадите и поддршката на младите. Во својата кампања се претстави како „Претседателка пријател на младите“ сепак последните случувања го покажуваат сосема спротивното. Не само што нема поддршка туку има и дискриминација. Во својата неодамнешна изјава ги потцени спортистите. Сиљановска-Давкова рече дека нејзиното отсуство е поттикнато од писмо од професори на Природно-математичкиот факултет (ПМФ), кои побарале помош за учеството на најдобрите натпреварувачи на олимпијадите по математика и физика. Таа и тогаш рече дека иако е поканета од претседателот Макрон, решила да не присуствува на Олимпијадата за да покаже дека државните средства треба да се насочат кон образованието и научните достигнувања.

Но и тука претседателката потфрли, значи не било ниту до научните достигнувања бидејќи Сиљановска-Давкова не го стави во својата агенда ниту младиот Јан Стојановски кој го освои првиот златен медал за Македонија на осмата Европска олимпијада по физика која се одржа во Кутаиси во Грузија од 15 до 19 јули.

По сребрениот медал минатата минатата година, бронзата на Меѓународната олимпијада по физика во Токио и златниот медал на Балканската олимпијада по физика во 2022 година, Стојановски сега е меѓу најдобрите физичари во Европа, а 21 до 29 јули во Иран се натпреварува на Меѓународната олимпијада во Иран, па очигледно само за нашата преседателка ова не е доволно добро за да добие заслужено внимание или пак таа нема никакво познавање за дипломатија.

Иронијата во оваа одлука е што нејзината претседателска кампања „Македонија повторно горда“ се чини дека е само гол популизам на штета на државата, а нејзината изјава потценување и демотивација на спортистите бидејќи излегува дека според претседателката спортот не заслужува почит.

Младите од секоја област кои се натпреаваруваат на различни натпревари, играорците, спортистите, пејачите се промотори и амбасадори на земјава во светот. Тоа особено се однесува на спортската дипломатија која ја има моќта да ги зближи луѓето, заедниците и нациите преку физичка активност и спорт.  Таа може да се дефинира како свесна, стратешка и редовна употреба на спортот, спортистите и спортските настани од страна на министерствата за надворешни работи и нивниот дипломатски персонал за да се создаде долгорочно и заемно корисно партнерство со цел унапредување на релациите и можностите за развојни, културни, трговски, образовни и туристички можности и инвестиции.

 

Соња Танеска

АКТУЕЛНО