На територијата на град Скопје вчера во рамки на сообраќајните контроли, изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).