Клинички центар и детската болница во Козле ноќва ќе останат без вода, „Водовод“ ќе постави цистерни

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, резиденцијалните објекти на Водно, како и дел од жителите од реон Водно и Козле вечерва од 21 часот до утре наутро во пет часот ќе бидат без вода, заради реконструкција на водоводна мрежа во реонот. Како што информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, во овој период пред клиниките ќе бидат поставени цистерни со питка вода, а за потребите на граѓаните цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои ќе гравитираат на повик, врз основа на потребите на граѓаните.

Освен Водно, вечерва без вода ќе бидат и жителите на Сарај, каде во овој период ќе треба да биде изведен приклучок за нова водоводна мрежа со која трајно се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општината. На Водно, пак, Јавното претпријатие ќе направи целосна замена на старата со нова мрежа со што ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави