Search
Search

Комеморација за Крешник Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец

Комеморацијата за Крешник Ајдини ќе се одржи денеска, во Албански театар, со почеток во 13 часот. Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец, почина на 16 јуни 2023 година, на 55 годишна возраст.

„Крешник ќе остане засекогаш во нашите сеќавања по својата топлина, смиреност, мудрост и добрина“ – напишаа неговите колешки и колеги од ЦИВИЛ. Крешник Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година.

Во 90-те, беше издавач и главен уредник на политичкиот магазин „Јета“ и коиздавач на списанието „Зрак“. Работеше како новинар и уредник во повеќе редакции, меѓу кои и во „Флака е влазримит“ и „Дневник“. Беше креатор и продуцент на голем број проекти за мир, помирување, човекови права и надминување на култот кон оружјето.

Ајдини беше ревносен поддржувач на граѓанските иницијативи и движења за демократизацијата на нашата земја.

Тој е основач и сопственик на Лајф Радио во 2002 година, познато по општествено одговорните содржини и пораките за мир и помирување во земјата.

Преведе голем број важни дела од албански на македонски и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.

АКТУЕЛНО