Како дел од ЕУ проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, утре во хотел Лимак со почеток во 9 часот ќе се одржи конференција Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“.
Модератор на конференцијата ќе биде Валентин Нешовски, експерт за комуникации во проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, а поздравно обраќање ќе има министерката за образование и култура, Весна Јаневска и Александру Албу од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија.
На целодневната конференција ќе се зборува за претстојните реформи за подобрување на образовниот систем на ниво на политики, поддршка на образовните реформи преку постигнувањата на ИПА – ЕУ-финансирани проекти во образованието и нивните активности и тековни програми, проекти и иницијативи со други партнери, како и за приоритетите во Националниот план за спроведување и нивната поврзаност со активностите од проектот за образование
на агендата се перспективите за новооснованите Регионални центри за стручно образование и обука (Југозападен и Вардарски регион), поддршка на системот за образование за возрасни и презентација на кампањите за информирање за валидација на неформалното и информалното учење и концептот за постсредно образовани.
Планирани се и три панели на кои ќе се дискутира за постигнување извонредност во стручното образование и обука, развој на системот за образование за возрасни и подобрување на условите во училиштата.