Search
Search
фото/arabnews

Конфликт во Судан однесе шест животи

Суданскиот лекарски синдикат соопшти дека во судирите меѓу армијата и РСФ загинале две лица на аеродромот во Картум и едно во градот Ел Обеид

Во вооружените судири меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) загинаа шест цивили во градот Омдурман, изјавиле за „Спутник“ од локалната болница.

Омдурман се наоѓа на западниот брег на реката Нил, директно спроти Картум, главниот град на Судан.

Суданскиот лекарски синдикат соопшти дека во судирите меѓу армијата и РСФ загинале две лица на аеродромот во Картум и едно во градот Ел Обеид.

„Потврдивме дека шест цивили загинаа во престрелка меѓу војската и РСФ во неколку делови на Омдурман“, изјави директорот на мртовечницата Омдурман, Џамал ​​Јусеф.

Во главниот град на Судан сега е ноќ, а додека луѓето го прекинуваат постот, очевидци велат дека се уште се слушаат звуци на борби, јавува Би-би-си.Новинарот Исмаил Кушкуш, кој редовно на Твитер известува од суданскиот главен град, рече дека тешкиот артилериски оган продолжува во центарот на Картум.

Постои чувство на загриженост за тоа што може да се случи преку ноќ, пишува Би-би-си.

АКТУЕЛНО