Конкурс за фестивалот „Звукот на Скопје“

Културно Информативниот Центар – Скопје, објавува конкурс и ги повикува сите уметници од различни области да конкурираат за манифестацијата „Звукот на Скопје“ за 2024 година.

Заинтересираните страни во еден ворд документ треба да поднесат апликација со куса биографија, опис на проектот и евентуални материјали во врска со проектот (слики, фотографии, линкови и сл.). Потребната документација треба да се испрати на e-mail адресата info@kic.mk со subject „За фестивалот „Звукот на Скопје“.

Средствата за избраните проектите ќе бидат обезбедени од Град Скопје и Министерство за култура, додека изборот на проектите ќе го изврши комисија формирана од Културно Информативен Центар – Скопје и Град Скопје.

Конкурсот ќе трае до 12.7.2024 година.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави